За потребите на новата кампања посветена на колекцијата есен/зима 2023-2024, Стела Мекартни ја одбра Кендал Џенер.
Љубовта кон коњите која што ја делат и двете била една од причините дизајнерката да се одлучи токму за Кендал.
Фотосесијата е направена на солените полиња во францускиот регион Камарг којшто е и позната туристичка дестинација токму поради пони коњите.
Понијата се појавија и на ревијата на модната куќа за време на FW23 во Париз.
Кампањата има за цел уште еднаш да ја промовира естетиката на коњаниците од колекцијата есен/зима на Мекартни.
Колекцијата ја продолжува долгата традиција на брендот за еко мода, која што создава парчиња исклучиво од еколошки материјали.
Овојпат, премиерно, беа промовирани, и вегански чанти и чизми со крокодилски принт.
На фотографиите ја гледаме Џенер како позира во црвен костум налик на оние на Диор во 50-те, додека на друга лежи гола на коњ, носејќи само пар чизми, за на третата да ја видиме во целосно црно издание.
Фото:Vogue, Instagram