Што да облечете денес?
•
14 ноември 2013
Овој четврток ви предлагаме комбинација за девојки кои преферираат лежерни секојдневни парчиња, но сепак доволно впечатливи и тренди. Бојс искинати фармерки надополнети со блуза на пруги, палто во војнички стил и чизми во кафени или пастелни нијанси. Ова се парчиња што речиси секој ги поседува, затоа разбранувајте ја вашата креативност со тоа што на вас ќе остане изборот на останатите аксесоари . Шапката и чадорот се задолжителни, зашто дождот може во секој миг да ве изненади.