Четврток во сино
•
18 февруари 2016
Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со дожд во градот, така што вистинско време е добро да се подготвиме. Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со топло џемперче со интересен дезен. Со оглед на времето надвор, денеска задолжителни се гумените чизми за дожд и секако, јакна што нема да пропушти вода. Секако, не заборавајте го и чадорот што денеска мора да го земете со себе и чантата што одлично се согласува со целата комбинација.