Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со дожд во градот и малку пониски температури, па тоа веднаш значи комбинација со омиленото мантилче и шапка.

Што се однесува до парчињата, денеска носиме едноставни црни фармерки и сива блузичка, а одозгора тенко капутче во крем нијанса.

Бидејќи се чини дека ќе уживаме во дождот во текот на целиот ден, комбинацијата надополнете ја со куси чизмички за дожд и стилска шапка.

Секако, не заборавајте ниту на чадорот што денеска е задолжителен.

 

Објавено:
16 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
709 пати