Крпениот џинс и комбинезоните ќе бидат апсолутен хит за пролет 2014

15 ноември 2013

Бидете подготвени за новите трендови што ги најавуваат дизајнерите и популарните брендови за пролет 2014 година.  Искинатите фармерки се уште ќе бидат во опција, но спротивното на овој тренд ќе бидат крпениците на секаков вид џинс, како цигара крој, бојс фармерки, кратки панталони и со ногавици во должина до колена или 3/4.

Се ќе биде прифатливо, само да е закрпено, посебно шик ќе биде крпеницата да е во спротивна нијанса од основната на панталоните или  здолништата.

 

Се разбира трендовите не мора да ги применувате на вас по секоја цена, па доколку не ви се допаѓаат крпениците, следната пролет ќе можете да си одберете и разни модели на комбинезони кои ќе ги преплават продавниците, најзастапени ќе бидат од џинс.

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Тренд