Аксесоарите во вид на инсекти од минатата година станаа задолжителен дел од имиџот на сите вљубеници во модата. Ако претходно актуелни беа пчели, оси, бубамари и што ли уште не, за следната пролет 2014 очекувајте аксесоарите во вид на пеперутка да ги преплават брендираните продавници. Речи си секој еден бренд и дизајнерска куќа како решение за дезен,форма или прит, како на аксесоарите така и на облеката ги имаат аплицирано токму пеперутките.

Од драматични чевли па се до очила за сонце кои дури имаат и двојни стакла. Од галеријата во продолжение погледнете какви аксесоари ќе бидат во тренд за наредната сезона.

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци