Чевли, чанти, накит - го сублимираме најдоброто од ресорт 2015

2 јули 2014

Burberry Burberry

Од обилниот наплив на ресорт колекциите за 2015 година имаме чувство дека никогаш нема да завршат. Нивната презентација почна од месец мај и сеуште официјално не е завршена. Откако посведочивме на патувачките колекции на едни од најзвучните светски имиња од модната сцена, направивме поголема селекција на аксесоарите кои беа комбинирани како спој со креациите. Чанти, накит, чевли кои нема да ве остават рамнодушни, а сигурни сме дека ќе посакате да ги имате буквално сите. Во однос на трендовите, дизајнерските идеи повторно се соединија кога станува збор за змискиот принт и моделите на чанти во вид на вреќа како и разни модификации од формите на спортските модели. Па така, змискиот принт ќе го сретнете кај сандали со висока потпетица, рамни, на платформа, присутен е секако и од текстурата на чантите.

jason-wu jason-wu

Секако, дизајнерите не заборавија и на ресите, а доколку сте нивен љубител очекувајте ги следната година повторно. Ова е само „мал“ дел аксесоари од ресорт 2015 во кој ќе ве оставиме да уживате разгледувајќи ги.

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци