Клач чанти во форма на мини кутија - уличен ултимативен тренд

9 септември 2014

Лего коцките на Шанел, бажнежот на Миу Миу, змискиот принт на Живанши, женствениот минимализам на Диор - спакувани во неодоливи чанти, му даваат перфектен финиш на уличниот стајлинг на Њујорчаните кои помеѓу модните и уличните писти, користат да украдат момент од времетo на и онака презафатените модни фотографи.

Во уличното шаренило од стилови, преовладуваат малите клач чанти во форма на мини кутии, но не помалку застапени се и оние со интересни пораки, пароли и принтови. Балансот го одржуваат безвременските класични женствени чанти дозирани со впечатливи детали како интересни приверзоци или суптилни украсни камења или нитни.

 

 

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци