Girl Just Wants to Have Fun - тотално забавна колекција на Софија Вебстер

18 февруари 2014

Апсолутно во нејзин стил, британската дизајнерка Софија Вебстер тотално не забавува со новата колекција на модни додатоци за следната зима. Иако помалку се чувствува носталгија за 80-те, неодоливите чевли и чанти пренесуваат позитивна енергија во светли и весели бои и со интересни пароли кои упатуваат пораки во стилот на:  "OMG?!?", "It's Not You, It's Me", или "Don't Speak".

Целиот амбиент на едиторијалот е во име на девојките кои сакаат опуштена забава и часови поминати во женски разговори и секако мини чанти во поп-арт стил, чевли на високи потпетици и крзнени детали.

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Колекции