Модниот циркус и чевлите на Софија Вебстер ги одушевија девојките!

23 февруари 2015

Вистински моден циркус пристигна во Лондон во режија на талентираната дизајнерка Софија Вебстер! Во рамки на тамошната модна недела се случи долгоочекуваната презентација на дизајнерката на модни додатоци која уште еднаш покажа зошто е омилена кај девојките.

Нејзината колекција чевли и чанти едноставно наречена „Freak Like Me“, ги воодушеви присутните со неверојантиот шарм, квалитет и уникатност.

Она што беше и повеќе од очигледно е дека дизајнерката инспирацијата овојпат ја црпела од ерата на Гвен Стефани и No Doubt за која таа ќе каже дека и денеска е вљубена.

„Јас едноставно бев опседната со нејзиниот стил! Се сеќавам, еднаш отидов на концерт и ќе се онесвестев од што бев премногу возбудена“, изјави дизајнерката по презентацијата.

Во колекцијата имаше неколку веќе добро познати модели на вртоглави потпетици, но таа прикажа и одлични чизми со принт за кои веруваме дека допрва ќе ги гледаме.

Позната по карактеристичните и секогаш интересни натписи, Вебстер вметна неколку и во новата колекција, па така некои од највпечатливите беа Carnival Queen, Lady Boss, Backstabber I Sexy Back испишани на слатките ранци и чевлите.

Како и досега, таа понуди чизми до колената, но и такви до глуждовите украсени со животински принт, потоа рамни балетанки со шпиц и интересни украси во предниот дел, но секако и високи потпетици со пеперутки, со слатки „бонбончиња“ и неколку чифта целосно изработени во знакот на Кока Кола.

Она што беше особено неодоливо е тоа што дизајнерката овојпат понуди и неколку шармантни чифта балетанки за најмалите, кои беа вистинска мини верзија на оние за нивните мајки.

Во продолжение во галеријата, погледнете ја фантастичната презентација на Софија Вебстер и нејзините чевли и чанти на кои знаеме дека нема да останете рамнодушни.

Објавено:
23 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци