Вашата и наша омилена дизајнерка на најубавите чевли и чанти во последно време Софија Вебстер, конечно ја промовираше новата есен/зима колекција во рамки на лондонската модна недела.

Како што впрочем и очекувавме, таа повторно ги создаде најстилските младешки модели на чевли и чанти со шик натписи и безброј пеперутки.

Она со што младата и талентирана дизајнерка овој пат нѐ изненади се провокативните модели што ги изработи од тантела, мрежа, кадифени панделки, врвки и секси високи потпетици.

Иако и во оваа колекција смести доста колоритни модели, сепак истата не е целосно шарена на какви што навикнавме досега.

Дизајнерката се одлучи за малку посмирени варијанти на бои меѓу кои и класичната црна, кафена, темно златна и прекрасна црвена.

Како и секогаш, таа направи и неколку слатки модели за најмладите, овој пат балетанки во златна и црна боја украсени и извезени со пеперутки во задниот дел.

Секогаш позната по „откачените“ натписи, дизајнерката креираше и неколку мини чантички со мониста на кои извезе натписи како „Drop Dead Gorgeous“, „I Myself am strange and unusual“, „Bored to death“ и уште неколку други кои веруваме дека ќе ви бидат интересни.

Погледнете ја целосната колекција на дизајнерката во галеријата погоре.

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
431 пати