Инспирирана од гласовите на џунглата и рејв културата, пролетната колекција на талентираната Софија Вебстер е нешто што дефинитивно ќе ве воодушеви.
Конечно, нејзините обожавателки ќе можат да ги набават долгоочекуваните модели од колекцијата, со оглед на тоа што истите веќе се пуштени во продажба.
Сите модели се неверојатно колоритни и апсолутно фанки, украсени со животински принтови, многу црно – бели пруги, украсни скапоцени камења, но и неодоливи принтови со мотиви од овошје.
Како и секогаш, во нејзината пролетна колекција девојките ќе најдат чевли со платформа, потоа сосема рамни и удобни, но и неверојатно стилски потпетици.
Нејзината палета на бои почнува од нежна розова, па сѐ до сина, златна, жолта и портокалова.
Она што е од особено значење, е тоа што токму во моментов, на официјалната страница на дизајнерката има тотална распродажба, па така цената на моделите почнува од околу 240 евра, па нагоре.
Проверете!