Тие повторно се најпосакувани модели на чевли и за оваа сезона

2 октомври 2014

Кристијан Лубутан Кристијан Лубутан

Доколку ги следите актуелните фотографии од улична мода  низ модните метрополи или пак го насочите вниманието кон изгледите на црвените килими, сигурно сте забележале дека доминантен модел на чевли кои доминираат се токму салонките. Без разлика на трендовите кај чевлите кои се менуваат од сезона во сезона, овој модел е незаменливо парче во гардероберот на сите девојки.

Софија Вебстер Софија Вебстер

Доколку мислевте дека е неопходно да носите само чевли со високи потпетици, дизајнерите најавија женствена сензуалност со класични модели на салонки на кои преовладуваат помалата потпетица, за добивање на впечаток на вистинска дама. Овој модел на чевли придонесува за визуелно издолжување на нозете и одлично се комбинира како со фармерки, така и со вечерни тоалети. Во продолжение погледнете ги 15-те дизајнерски модели на салонки кои се апсолутен хит сезонава.

Објавено:
2 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци