Рај за жените – Хародс нуди цел кат чевли од најдобрите дизајнери

30 јули 2014

Целиот петти кат на Хародс ќе биде резервиран само за чевли. На површина од речиси 4000 квадратни метри  ќе бидат распоредени модели од 17 модни брендови , а меѓу нив се Шарлот Олимпија, Николас Куирквуд, Софи Вебстер, Маноло Бланик, Кристијан Лубутан, Шанел, Диор, Витон, Гучи и други.

Целиот кат ќе биде уреден од студиото на Дејвид Колинс и тоа во стил на хотел со пет ѕвезди. Хелен Дејвид, која ќе биде главна на одделот за чевли, смета дека со ова ќе се комплетира целосната слика на Хародс во луксузен стил.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Актуел