Прва колекција чевли на Ријана за Маноло Бланик

4 март 2016

За сериозниот ангажман на популарната Ријана во модната индустрија потврда е и нејзиниот нов проект: првата линија чевли за маестралниот Маноло Бланик.

Ријана е помошен дизајнер во колекцијата која содржи шест пара атрактивни чевли: салонки, сандали, високи чизми, чизми до глужд...

Самиот наслов на колекцијата „Denim Dessert" посочува на тоа дека се работи за чевли изработени од џинс, а се украсени со мотиви инспирирани од тетоважите на Ријана.

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба од 5-ти мај во ограничен број во продавниците на Маноло Бланик во Лондон, Њујорк и Хонгконг.

Објавено:
4 март 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.856 пати