Зошто кралицата на модата Ана Винтур секогаш ги носи истите чевли?

19 септември 2013

Убавите чевли се основата на секоја комбинација на денешната модерна жена, а тоа многу добро години наназад ни го покажува уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур.

Но, зошто, токму таа, една од најмодерните жени во светот, ги носи истите чевли на скоро секоја ревија од модните недели, и не само таму, туку скоро секаде каде што се појавува од 1994 – та година па наваму кога Маноло Бланик ги направи специјално за неа?

anna wintour

Маноло Бланик и ги покажа овие чевли на јавноста и на годинешната лондонска модна недела објаснувајќи дека сакал да направи нешто за обичните и нормални луѓе.

Но, со оглед на тоа дека неговите чевли чинат околу 500 фунти, не може да се каже дека се достапни за сите „обични“ луѓе.

Овие чевли во беж боја беа направени специјално за уредничката на Вог уште во 1994 година и тоа специјално од самиот Маноло Бланик. Таа одбрала две нијанси на беж боја затоа што сметала дека ќе и одговараат со секоја комбинација што ќе ја направи. Она што го знаеме е дека чевлите се исклучително удобни, со оглед на тоа што Бланик пред да ги направи, точно ја измерил ногата на Винтур, односно направил дрвен модел од нејзината нога, па врз основа на тоа ги обликувал чевлите.

Госпоѓата Винтур секоја сезона добива по неколку идентични пара чевли од овој модел, за да може да ги менува со оглед на тоа дека е добро свесна за правилото дека чевлите треба да се остават да дишат по два дена носење.

Уредничката на Вог совршено добро знае дека чевлите во беж боја може да ги комбинира со сите нејзини фустани, здолништа и кошули, палта и панталони. Чевлите се со преден отвор по барање на Винтур, а со оглед на тоа што таа има одлични нозе, како што кажа самиот Маноло Бланик, нема потреба да носи затворени чевли што ги скусуваат нозете.

Нејзините Маноло чевли, како и нејзината супер боб фризура, се навистина нејзиното долгогодишно обележје.

Иако понекогаш здодевни, она што мора да се признае дека таа е апсолутно жена со беспрекорен и софистициран стил, па во ниту еден случај не смееме да и забележиме за тоа.

А, и малку би било чудно да ја видиме големата Ана Винтур без нејзината препознатлива фризура, нели?

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Сцена