Овој понеделник пристигнува среќна вест за сите идни невести! Вашата и наша омилена дизајнерка Софија Вебстер создаде колекција чевли за невести во кои ќе се заљубите на прв поглед.
„Ми се случува многу девојки кои купуваат чевли за свадба од моите колекции да ме тагнуваат на нивните фотографии на Инстаграм. На нашата веб страница се случува да има и огромна листа на чекање за некои од нив, па сега се решив да ја зголемам таа понуда“, изјави дизајнерката за нејзината нова колекција прекрасни чевли.
Колекцијата таа ја лансираше во еден совршен период кога сите двојки се подготвуваат за свадбениот период што следи и кога се случува најголемата еуфорија.
„Мислам дека е одлично што создадовме една ваква колекција која истовремено е многу забавна, но и тотално елегантна и соодветна за сите невести. Неодамна дизајнирав чифт чевли за мојата драга пријателка Џеси Вер која правеше свадба на плажа за каде направивме слатки чевли со натпис Wifey for Lifey. Само неколку моменти откако ги објавивме, имаше огромен интерес за нив, по што сфатив дека има девојки кои сакаат да носат забавни чевли на нивниот голем ден“, вели Вебстер.
Во колекцијата ќе најдете класични бели потпетици, но и неверојатно шик и модерни сандали со интересни натписи. Како што самата Софија ќе каже, во колекцијата има од сѐ по нешто за секоја невеста.