Стајлинг на неделата #99: риги, килоти панталони и краток топ
•
13 мај 2015
Три актуелни трендови се имплементирани во овој симпатичен стајлинг на Кендал Џенер: црни риги на бела основа, краток топ и килоти панталони.
Во овој период од годината, килотите покрај тоа што се на врвот на стилската листа на најголем дел од трендсетерките, исто така се удобни и практични, а лесно се комбинираат со високи потпетици (како во примерот на Кендал, која носи високи потпетици на врзување од Софија Вебстер) или со ниски и удобни балетанки или сандали на рамна платформа.
Кратките топови како тренд остануваат актуелни и оваа, како и претходните неколку сезони, а нивната комбинација со килоти или панталони и здолништа со висок струк е идеална.