Што мислат мажите за панталоните „килоти“?

3 јули 2015

fall_2014_pants_trends_for_women_culottes

Веќе неколку сезони,еден од апсолутните трендови кога се панталоните во прашање, се т.н. „килоти“. Жените едноставно ги обожаваат, бидејќи се истовремено се и практични и модерни.

Ги носат во деловни пригоди, исто колку и во опуштени и елегантни. Се комбинираат и со високи потпетици и ниски чевли. Со еден збор, им овозможуваат на жените голем број можности за стајлинг.

Но, што мислат мажите за овој тренд?

Токму тоа ја заинтригира една модна новинарка, па одлучи да праша повеќе мажи за нивното видување на ова парче облека.

Во продолжение ви ги претставуваме нивните одговори, кои се мошне забавни и духовити:

Што мислиш за килотите?

Џими: Ги носам по дома кога никој не гледа, а ти? Шега на страна, никогаш не сум имал мислење за нив, но претпоставувам дека би биле добри за одредени луѓе, во вистинското време, на вистинското место на неколку локации во Универзумот. Ниту се шоцеви, ниту се панталони. „Заглавени“ се во самрак зоната на панталоните. Чекаат на ослободување, кое што никогаш нема да се случи. Тие се Sex pistols кај облеката. Сите слушнале за нив, некако се фанки, панки и сегашни, а сепак никој не ги видел. Тие се нешто што катри жена би ги носела, откако имала „луд“ момент за време на Интернет шопингот. Или што би носела на свечената вечера по повод дипломирањето на син ѝ.

rs_560x415-150409103054-1024-culottes-rihanna-gigi-ciara-emma.ls.4915

Џану: Мене ми се допаѓа изгледот. Иако не би рекол дека „навивам“ за нив.

Еверет: Мислиш на оние шорцеви што треба да изгледаат како фустан, нели?

Пирс: Дефинитивно би сакал да имам едни во мојот гардеробер. Чекај, старите килоти? Тие се модерни сега? Беа мошне популарни во колонијалниот период...

Џејмс: Никогаш не им верував. И никогаш немав такви.

Џејмс2: Прво, мислам дека е големо прашање, да прашаш машко за било која тема поврзана со мода. Ние имаме мислење за тоа како им стојат на девојките, но како парче само по себе, немаме мислење. Второ, морав да „изгуглам“ – не сакав да брзам со заклучокот, особено ако планираш да го објавиш моето мислење. Заслужуваш повеќе од спонтан впечаток.

Ендрју: Ќе бидам искрен и ќе речам дека не размислувам претерано за килотите. Дали си ти голем нивни обожавател? Сигурен сум дека се одлични за оваа клима...Тоа се вреќести капри, нели?

Џеј Пи: Претходно не бев запознаен со овој тренд, но сигурно се во супер, „откачен“ стил. Јас сум за тоа да се вратат назад. Исто така, на прво слушање, мислев дека килотите се шпански жаргон за мали задници...

Денис: Хм... Јас мислам дека се слатки, на вистинската личност. Која е вистинската? Било која што може да ги собелече!

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Извор: 
whowhatwear.com