Аксесоарот придонесува многу за изгледот... може да ја направи вашата комбинација полн погодок, или пак тотално промашување. Затоа, и во празничните денови внимавајте какви чевли и чанти купувате. Дури наместо во некоја раскошна тоалета, можете да инвестирате во одлични обувки, а да го постигнете саканиот ефект.

А токму Зара ви нуди неколку предлози. Од децентно светкави до раскошни златни модели, од балетанки до обувки со високи потпетици, Зара мислеле на сите припаднички на поубавиот пол.

Ефектните обувки лесно ќе ги комбинирате во останатите сезони, а во новогодишната ноќ несомнено дека ќе бидете забележани и ќе покажете дека имате стил.

Но, не само што се светкави, дел од моделите имаат и порака во внатрешната страна, која гласи:

"Don't walk ahead of me, I may not follow you. (Не си оди од мене, можеби нема да те следам)
Don't walk behind me, I may not lead you. (Не чекори позади мене, можеби нема да те водам)
Walk beside me and be my friend." (Чекори покрај мене и биди ми пријател)

Погледнете ги празничните модели на Зара во продолжение:

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци