Ви ги претставуваме најдобрите аксесоари за пролет 2014

19 октомври 2013

По завршувањето на модните недели од Париз, Лондон, Њујорк и Милано разбирливо е да се анализираат и селектираат најдобрите, како креации така и аксесоари. Овој пат ви го претставуваме најдоброто и највпечатливото од  модните додатоците презентирани на писта од колекциите за следната пролет 2014 година.

Пронајдовме ефектни-футуристички сандали на Кристијан Диор, минималистички чанти од Џил Сандер, романтични венчиња на Долче и Габана. Некои од нив можат да функционираат и самостојно како аксесоар, на пример очилата на Стела Мекартни во мачкаст оквир. Чанти, чевли, накит и очила за сонце имате во галеријата подолу, почнете да разгледувате и уште сега имајте во предвид во која стилска насока ќе бидат изложените аксесоари на излозите од брендираните продавници.

 

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци