Прада и Џил Сандер ги промовораа новите модели на чанти

25 јануари 2014

 

Модните куќи на Прада и Џил Сандер ги промовираа новите модели чанти кои ќе бидат актуелни оваа пролет. Формата, контурите и изгледот на моделот на Прада е многу компатибилен, практичен и функционален. „Twin Bag“ можете да ја најдете во буквално сите бои на пролетта.

 

 

Чантата на Џил Сандер, пак, е наменета за патувања на кратки дестинации. Стилизирана во тегет варијанта со неколку прегради и долга рачка за да можете да ја носите на рамо. Моделите се слични, но мора да признаеме дека ваквиот изглед на чанта е мошне практичен и што е уште поважно модерен. Во продолжение погледнете ги фотографиите и одберете го вашиот фаворит:

 

 

Објавено:
25 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци