Atelier Jolie ги отвори вратите, а еве што може да се види таму

18 јануари 2024

Atelier Jolie односно модниот подвиг на холивудската актерка Анџелина Џоли, неодамна ги отвори своите врати за посетителите.

Идејата која е водечка на самиот проект е да се создаде простор каде што ќе се негува креативноста на поединецот.

Она што го карактериризира ова модно студио е одржливоста и етичкиот пристап, а како локација Џоли го одбра Њујорк.

Ателјето интригира уште од надворешноста, благодарение на бројните графити на фасадата кои исто така ги има и во внатрешноста.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lane Tabb (lanetabb)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Uncover More (uncovermore)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by NoHo NYC (nohonyc)

Резултот на тимот, којшто работеше на реализација на проектот, е продажен салон каде купувачите можат сами да ја изразат својата креативност, односно да преправаат веќе готови производи.

Целата облека којашто може да се купи е направена од винтиџ материјали. Во ателјето се шие, црта, се штампаат апликации, се модификува облека, а цените се движат од 15 па сè до 500 долари.

Покрај оригиналната колекција има и останати парчиња од други одржливи модни брендови.

Анџелина во целокупната работа го внесе и својот хуманитарен дух – одредена сума на пари оди во добротворни цели.

Ателјето Џоли е на два ката, а целиот мебел како и материјалите, е винтиџ и рециклиран. Во внатрешноста има кафуле и ресторан, како и катче за одмор и друштвени игри.

Објавено:
18 јануари 2024
Категорија: 
Актуел