Викторија Бекам испишува нова страница со новата колекција пролет/лето

25 февруари 2024

Новата пролет/лето колекција на Викторија Бекам излегува од рамките на веќе виденото, како во однос на моделите, така и во однос на кампањата и креативноста.

Зад објективот на извонредните уметнички фотографии стои германскиот фотограф Јирген Телер којшто својата визија ја пренесува на оригинален начин.

Главна улога, покрај колекцијата, во кампањата има топ моделот Вилма Сјоберг која позира во симбиоза со ладната природа потенцирајќи го контрастот помеѓу пејсажот и леснотијата на креациите.

Оваа соработка не е прва за Викторија и Телер коишто исто така ги здружија силите и за потребите на Vogue во 1998, непосредно по нејзината веридба со Дејвид.

Прилично се истакнуваат и огромните торби за коишто претпоставуваме дека ќе бидат доминантни на сцената за сезоната што следи.

Објавено:
25 февруари 2024
Категорија: 
Актуел