Паркер блесна на насловната за руски Harper’s Bazaar

22 мај 2013

Иако одамна заврши снимањето на „Сексот и градот“, сепак Сара Џесика Паркер и понатаму го носи епитетот за највлијателна глумица во светот на модата. За да се закити со тој статус најмногу и помогна пријателството со најмоќната жена во рамките на светската мода Ана Винтур, но и нејзиниот специфичен и оригинален стил кој стилистката Патриција Филд го креираше за ликот на новинарката Кери Бредшо, а Сара успешно го вметна во нејзиниот стил.

 

 

 

Сара во моментов го снима својот нов филм „Married and Cheating“ кој би требало да има премиера кон крајот на следната година.

 

 

Одличниот стајлинг со фустанот на пруги, е од последната колекција на Оскар де ла Рента, а за фотосесијата заслужен е Сајмон Аптон.

 

Објавено:
22 мај 2013
Категорија: 
Актуел