ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ - Златен спонзор на Конференцијата за комерцијални недвижности

29 мај 2024

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ се појави како Златен Спонзор на втората по ред Конференција за комерцијални недвижности која се одржа на 22-ри месецов во хотелот Хилтон во Скопје, а беше во организација на Фортонмка. ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ имаше и импозантна видео-презентација за најновиот проект - премиум станбено-деловен објект FUTURA Complex.

Имавме можност да проследиме шест панел-дискусии, а на последната со тема Пазар на станбен простор гостуваше и сопственичката и генерален директор Елена Пандева, која изнесе јасни ставови по зададените прашања. Низ динамичниот конференциски ден, имавме прилика да поразговараме со генералниот директор на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, Елена Пандева, како и со многумина вработени од тимот, заслужни за успешноста на оваа компанија, а поразговаравме и со една од дамите од организацијата, поточно од Фортонмка.

"Ова ни е прва соработка од ваков тип со организаторите на Конференцијата за комерцијални недвижности и сметав дека е оптимална прилика заради дефицит на такви настани во државата и дека токму тука можеме да го испрезентираме нашиот последен проект којшто го работиме, а тоа е FUTURA Complex што се наоѓа во населбата Кисела Вода и е сериозна инвестиција од околу 30 милиони евра со површина од околу 48.000 м2. Сметав дека тука на Конференцијава е вистинското место и време да се презентираат содржините од нашиот FUTURA Complex во друштво на луѓе коишто се во градежниот бизнис, и мислам дека завршивме добра работа." – ни сподели Елена Пандева за учеството и значењето на Конференцијата за комерцијални недвижности.

Таа ја потенцираше уникатноста на градежниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и зошто токму тие се разликуваат од другите:
"ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ има една уникатна приказна, а тоа го истакнале и нашите клиенти и нашите соработници, а ние само ја продолжуваме приказната онаму каде што сме застанале, и твориме една посебна станбено-деловна политика како бренд. Ние сме уникатни во она што го работиме во смисла на разработка на детали, на вложување на квалитетни материјали, на вложување без штедење за да се добие квалитетен објект, реализација на објекти на интересни локации, трајност на објектите, енергетско-ефикасни објекти со високи стандарди и уникатна естетика. Според сето ова ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ се разликува од другите и затоа сме автентични на пазарот и ги продаваме нашите станови уште во фаза на проектирање, а тоа е голема инспирација и мотивација." – додаде таа.

Во контекст на инспирацијата и мотивацијата, ја прашавме и за предизвикот да се биде жена-менаџер на нашите простори:
"Јас сум во градежништвото уште од дете би рекла, мојот татко е градежник и 40 години работеше во градежниот бизнис. Иако ова е машки бизнис во суштина, мене воопшто не ми е непозната оваа материја, затоа што активно сум се вклучувала и сум учела заедно со мојот татко. Работејќи, пак, со многу мажи низ годините, увидов дека жената дава сериозен придонес во овој бизнис, затоа што ние сме многу пофокусирани на деталите, и освен што го следиме процесот на изведба и целата проблематика околу изведувањето на градежните објекти, внимаваме и на фините детали, на деталите на изведбата, на квалитетот на материјалите што се имплементира, на функцијата на становите, а размислуваме и на семејството и на поединецот, едноставно – еден стан треба да има мултифункција за да обезбеди квалитетно домување. Од тој аспект сметам дека жената дава особен придонес, и затоа ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ се издвојува на пазарот како уникатен, домашен и модерен бренд." - истакна Елена Пандева.

Во јавноста Елена Пандева е позната и како менаџер на етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА уште од 2008-ма година, па ја прашавме во која област повеќе се пронаоѓа:

"Без разлика дали се работи за мода или за недвижен имот, или пак, за последниот бизнис што го работиме со "Цар Самуил" и Бањата Банско, сите ги поврзува истата енергија и истото творештво, така што ние сме навистина единствен бренд и тука и пошироко којшто споил две доста сериозни гранки – мода и градежништво и сме направиле добри резултати." – изјави Елена Пандева.

Комерцијалниот директор во ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, Филип Стантич, ни сподели за работата во компанијата и учеството на ваков тип настани:

"Задоволство ми е што сум дел од ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и дел од оваа Конференција за комерцијални недвижности каде што сме Златен спонзор. Со ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ ги посетуваме сите поважни саеми и се трудиме да ги имаме најдобрите енергетско-ефикасни материјали за нашите објекти. Нашата визија се современи станбено-деловни објекти преку совршени архитектонски и дизајн-решенија, но пред сѐ преку квалитетни материјали по кои сме препознатливи и ги поставивме високите стандарди во Македонија. Токму таков е FUTURA Complex за кој денес имавме видео-презентација и сме особено горди на постигнатото, и на интересот кај купувачите." - изјави Филип.

Од креативен аспект, своето видување го даде и маркетинг и креативниот директор Небојша Антиќ:

"Горд сум што сведочам на еден ваков настан и што сите овие луѓе инвеститори и бизнисмени ќе може да ја чујат приказната за FUTURA Complex. Футура е комплекс кој ќе прерасне во проект кој освен премиум домување ќе понуди многу содржини кои ќе ги спои станарите преку многу паркови, игралишта, фонтани кои атриумот во FUTURA Complex ги нуди и пресреќен сум што сум дел од ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ како компанија која овозможува сигурна иднина и што сите заедно како футуристи го создадовме FUTURA Complex. Приказната започна со "пресели се на нова планета", а сега гордо можам да кажам дека FUTURA Complex е веќе цела Галаксија, како за станарите така и за нас како компанија." - посочи Небојша.

За спецификациите, пак, на објектот и за она што ќе го понуди на идните станари, разговаравме со Јордан Тасевски, архитект во ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ:

"Станбено-деловниот комплекс FUTURA е распореден на површина од околу 48000 м2 и составен од 4 објекти организирани како една просторно-функционална и естетска целина. Во средиштето на комплексот предвиден е парк со површина од 800м2 кој ќе претставува зелена оаза за заеднички дружби и рекреација на идните жители. Уникатната необична фасада ќе допринесува комлексот да отскокнува од своето опкружје, добро организираните станбени единици ќе изобилувааат со природна светлина, додека пак разработката на секој најмал детаљ заедно со вградените висококвалитетни материјали ќе допринесуваат објектите да се карактеризираат со енергетска ефикасност, добра звучна изолација, и пријатна микро клима." - изјави Јордан.

Поразговаравме и со маркетинг менаџерот Марија Крстова, која ни сподели за визионерскиот пристап на сопственичката и генералниот директор Елена Пандева, како и за успешноста на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ преку најновиот проект FUTURA:

"Горди сме што ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ низ годините се профилираше како најсигурен партнер при донесувањето на најзначајната одлука за животна инвестиција за секој човек, а тоа е решавањето на станбеното прашање. И сето тоа благодарение на визионерскиот пристап и максимално вложените капацитети на нашата Елена Пандева која предводи еден професионален компактен тим кој со многу љубов ја гаи приказната за ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ. Мисијата продолжува со еден проект од капитално значење - FUTURA Complex кој во секој аспект подразбира премиум домување кое во својот фокус го става квалитетот на живот на човекот и заедницата. Овде не зборуваме само за еден извонреден архитектонски проект туку пред сѐ за градење животен стил креиран според персоналните потреби на луѓето кои токму во Футура ќе ја создаваат својата среќна иднина. Токму тоа FUTURA го прави ексклузивен станбено - деловен комплекс кој ни најавува иднина во домувањето што секој би ја посакал за себе и за своите најблиски." - ни изјави Марија.

Во делот на продажбата и правните регулативи, тука беа Фросина Лазарова, менаџер за продажба и Владимир Ѓоргиевски, правник во ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, кои ни ги посочија карактеристиките на објектот FUTURA Complex, како и впечатоците од работата во ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, важноста на конференцијата и вложеноста на менаџерот Елена Пандева:

"Комплексот се наоѓа на одлична локација во општина Кисела Вода на самиот бул. Борис Трајковски. FUTURA Complex вклучува четири станбено-деловни објекти со површина од 47.668м2. Станбените единици во овој премиум објект се распределени на осум нивоа со површини од 35-88м2 прилагодени согласно потребите на клиентите и нивниот животен стил, а приземјето е резервирано за деловен простор со вкупна површина од 3171м2 кој може да биде прилагоден согласно потребите на клиентите и нивните бизнис цели. Визијата на нашиот генерален менаџер и сопственик на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ г-ѓа Елена Пандева е на клиентите да им понудиме одлична локација, квалитетно домување по светски стандарди во кој нашите станари ќе уживаат." - ни посочи Фросина.

"Oваа конференција е важна од неколку аспекти за нас во ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ. Најпрво, како општествено одговорна компанија и компанија која е директно засегната од пазарот на недвижности, ја поддржуваме оваа Конференција како Златен спонзор, а исто така на Конференцијата го презентиравме и нашиот FUTURA Complex – премиум станбено-деловен комплекс. Присуството, пак, на нашиот главен менаџер Елена Пандева на еден од панелите денес е од особено значење, каде ги презентираше своите искуства и предизвици при изградбата на објектот, а сето тоа претставува еден мотив плус за сите нас како вработени да ги оствариме сите нејзини идеи и планови за во иднина и да ги оствариме сите проекти." - ни изјави Владимир.

Со нас, мислењето го сподели и техничкиот директор Андреа Јанков, кој се осврна на квалитетот по кој е препознатлив брендот ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ:

"ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ како визионерски бренд кој предничи во изведбата на резиденционални објекти, се претстави со својата успешна урбана приказна, FUTURA Complex. Задоволство ни е што може да презентираме дека и во Македонија е можен квалитетен дизајн и иновативно градежништво, каде е направен еквилибриум помеѓу потребите на клиентите, квалитетот на градба, и вклопување на еден станбено-деловен комплекс во ткивото на градот. Да докажеме дека визионерски идеи со добро лидерство, стручен и квалитетен тим можат да допринесат објектите да не се доживуваат како лузни, туку белези кои имаат трајна вредност." - изјави Андреа.

Нина Јанева - Николовски, како советник за маркетинг и бизнис развој, со голем ентузијазам ни раскажа за работата на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ:

"Оваа Конференција за комерцијални недвижности за нас како ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ најмногу ни е битна за вмрежување и остварување контакти, за идни соработки и секогаш е добро да се посети настан каде што има што да се научи, а тоа е секако важно и од маркетинг и бизнис аспект. ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ го има досега најголемиот објект, а тоа е FUTURA Complex, а во моментот се гради FUTURA 2 – втор од вкупно четирите делови. Карактеристично е тоа што дизајнот е со печатот на ЕЛЕНА ЛУКА, она што ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ го претставува како компанија, како негување на вредности, како традиција, како нешто што е наследено и го воведува Елена Пандева како сопственик и генерален менаџер во светот на иновацијата. Мене ми е навистина чест што токму во овој момент на зародиш на целиот тој проект влегов во оваа компанија и ќе ми биде интересно и да го гледам во следниве неколку години додека се оствари." - ни сподели Нина.

Оперативниот директор Емрах Џафче, ни ја потенцираше суштината на слоганот My way of living:

"My way of living е внимателно и неслучајно избран слоган. Ние во ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ градиме недвижен имот којшто одговара на животниот стил на нашите купувачи. Поучени од долгогодишното искуство на пазарот и пратејќи ги најновите трендови и дизајни градиме комплексни згради коишто не се само метри квадратни туку многу повеќе, а FUTURA Complex е феноменален пример за тоа. FUTURA Complex по својот футуристички изглед е уникатен, кој според градежните стандарди е на највисоко ниво, и комплекс каде што секој од купувачите ќе си ја пронајде својата иднина. Елена Пандева има многу јасна и јака визија за современо домување со највисоки стандарди на градење, а ние вработените во компанијата користејќи го секое наше професионално знаење, искуство и енергија напорно работиме во остварување на таа визија и реченицата My way of living севкупно да има значење."

Резимирајќи ја Конференцијата за комерцијални недвижности, ќе споделиме изјава и од Олга Дервенџи  којашто е менаџер за деловен развој во Фортонмка и беше дел од организацијата на целиот настан:

"Како Фортонмка бевме одговорни за организацијата на втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје, а при бирањето на гостите за последниот панел, особено задоволство ни беше што поканивме луѓе коишто се главни чинители на пазарот и визионери, и задоволство ни е и што г-ѓа Елена Пандева го потврди своето присуство, затоа што јас посебно се залагам за женски лидери и драго ми е кога на сцена ќе видам сопственици на компании коишто се жени. Во текот на организацијата најмногу се посветивме на поставување на темите на панел-дискусиите и изборот на говорниците, а темите ги прилагодуваме според интересите на локалната заедница. Оваа година имавме шест панел-дискусии, зборувавме за можностите за алтернативно финансирање, потоа панелот за урбанизам, панелот за инвестиции во хотели, панелот за инвестиции во бизнис згради како бизнис-модел, панелот за малопродажба, и последниот панел, кој минатата година предизвика најголем интерес, а тоа е панелот за пазар на станбен простор." - ни сподели Олга.

Во продолжение погледнете ја галеријата од настанот.

 

 

 

 

 

 

Објавено:
29 мај 2024
Категорија: 
Архитектура