Шарени, забавни и модерни: Ова се патиките што ќе станат вистински хит!

19 ноември 2013

Четирите супермодерни нови модели на Најк оваа есен им го поматија умот на девојките. Компанијата за спортска опрема Најк се здружи со британската позната продавница „Либерти Лондон“ и создаде ултра модерна женска колекција што оваа сезона сигурно ќе биде обожувана од многу девојки ширум светот.

Принтовите на патиките на сите четири Најк модели се создадени од самиот бренд „Либерти Лондон“. Девојките кои обожаваат да носат патики на платформа сигурно ќе им се радуваат на Dunk Sky High и Air Revolution моделите.

Оние пак што сакаат да ги носат тренди Airmax моделите, ќе можат да уживаат со шарениот модел Airmax 1.

Сите модели на патики доаѓаат во две палети на бои, а мора да признаеме дека ќе мора малку да штедите за да си ги набавите истите оваа сезона.

Во продолжение погледнете ја одличната и инспиративна реклама за новите Најк патики што не освоија!

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци