За сите љубители на патиките, Најк ја претставува новата линија со имињата на големите светски градови во рамки на „World cup“ серијата.
Така, Најк зема силуети од некои од своите најпродавани патики и ги претвори во градови кои се врзани за светските купови. Word Cup City Pack серијата е присутна со седум модела на различни Најк патики.
Судејќи по првите коментари, моделите се одлични и совршено се вклопуваат во летната сезона.
Речиси сите модели се работени со новите Најк методи, што придонесуваат за поголема удобност и квалитет. Она што може да се претпостави е дека колекцијата е лимитирана, а за сега се најавени моделите Њујорк, Париз, Лондон, Милано и Рио де Женеиро. Се уште нема официјални информации, но се шпекулира дека колекцијата ќе се прошири, па меѓу другите ќе има и Мелбурн модел.
Погледнете дел од најновата колекција на Најк. Како ви се допаѓа? Во која метропола би зачекориле вие?