Каде живее креативната директорка на Гучи, Фрида Џанини?

21 ноември 2013

 

Таа е меѓу 50-те највлијателни жени на планетава, во раце го држи целиот бизнис на модниот гигант Гучи, почнувајќи од дизајнот на колекциите на облека и модни додатоци, па се до изработка на рекламни кампањи, линијата на декоративна козметика, како и ентериерите на продавниците кои оваа модна куќа ги има насекаде во светот. Но каде оваа жена се релаксира од работните обврски и собира нови сили за уште поголеми успеси и креативни инспирации?

 

 

Џанини има две катчиња каде се подготвува за новите модни предизвици, тие се наоѓаат во срцето на Италија, во градовите Рим и Фиренца. Она што е најинтересно во ваквите текстови се модните визии на ентериерите кои модните дизајнери ги имаат во своите домови и да видиме колку истите коренспондираат со модните идеи кои се во склоп со нивната работа.

 

 

Рим

Домот на дизајнерката во Рим се наоѓа на еден од ридовите во главниот град, изграден на темелите на стара зграда која датира од 16 век. Стилот е чист и елегантен, но изобилува со впечатливи детали. Желбата на Фрида при уредувањето на домот била таа да може да живее буквално во секој агол од собите, па затоа насекаде можат да се забележат уметнички слики, фотографии, скулптури и различни уметнички дела кои дизајнерката специјално за оваа прилика сама ги одбрала.

 

 

Внатрешноста на оваа куќа наликува на канцеларија, бидејќи освен што тоа место каде се живее, воедно претставува и катче каде Фрида работи. Познавачите на стиловите, посекако ќе забежат умерена доза на еклектичност во изборот на мебел. Можеби она што најповеќе импресионира е начинот на кои оваа дизајнерка направила склоп на елементи кои припаѓаат на различни периоди од уметноста и архитектурата. Анималистичките принтови се присутни особено во изборот на килими и пернички, но можат да се забележат и шик акценти како што е случајот со гардероберите кои датираат од 30-тите години на минатиот век.

 

 

Фиренца

За реконструкција на куќата во Фиренца, Фрида го ангажира нејзиниот татко, кој е архитект. Ходникот и дневната соба се поврзани и креираат неверојатна широчина во просторот кој буквално дише во духот на слободата, без граници. Во поглед на декорацијата , арт-деко стилот е оној кој буквално доминира низ целиот дом, кој пак стил е еден од омилените на оваа дизајнерка. Куќата располага со три спални затворен базен. Пространоста и модерната стилистика се водечки фокусни точки во внатрешниот ентериер на овој дом.

 

 

Интересен момент се големите прозори кои одат до земјата и повторно на собите им даваат пространост, исполнет со меки фотелји, цвеќиња и модерен мебел, па се чувствувате дека живеете помеѓу облаците. Креативната директорка е позната колекционерка на винил плочи, и има неверојатна колекција од над 8000 парчиња и се сместени во оваа куќа.

 

Погледнете ја целата галерија:

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Сцена