Календарот на Пирели за 2014 со фотографии од 1986 година

22 ноември 2013

 

Оваа година, многумина ќе бидат изненадени од изгледот на Пирели календарот за 2014 година. Секое издание на овој календар изобилува со фотографии од топ модели, каде фокусна точка е еротиката. Главните виновници за ваквите изданија се фотографиите направени од Тери Ричардсон, Карл Лагерфелд и Марио Соренти. Едицијата за 2014 година ќе претставува всушност еден  flashback во минатото. Имено се работи за фотографии кои биле сликани за изданието на календарот во 1986 година, но никогаш не биле објавени. Сликите ги направил Хелмут Њутн, со намера дека ќе бидат објавени во 1986 година, но тоа не се случило. Затоа оваа година календарот на своите обожаватели ќе им понуди една нова визија.

 

 

Њутн поради лични причини на средина на сесијата мораше да се откаже од проектот, па според одлука на комисијата во тоа време изработката на календарот бил преземен од страна на негов современик, Барт Стерн, кој продуцираше една сосема нова верзија.

 

 

Сепак, идејата која ја имал Њутн била до крај реализирана од страна на неговите верни соработници Мануела Павези и Хавиер Алонкле, кои следејќи ги неговите прецизни спецификации, го довршиле проектот, а сликите била зачувани во архивот на Пирели компанијата, насловен „семејно наследство“, и трпеливо го чекал вистинското време за да го здогледа светлото на денот и да биде промовиран како што заслужува.

 

 

Овогодинешното издание претставува 12 црно-бели уметнички фотографии, плус 28 слики кои ја доловуваат атмосферата зад сцената, сликани во Монте Карло и Кјанти. За разлика од едициите на календари кои оваа компанија ги промовира во последните години, треба да споменеме дека Њутн имал дополнителна задача во своите фотографии да го вклучи и производот на Пирели, што денес не е случај.

 

 

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Сцена