Долче и Габана создадоа волшебна новогодишна елка за хотелот Claridge

28 ноември 2013

Легендарниот лондонски хотел со пет ѕвездички Claridge во вторникот беше вистински празник за очи!

Неверојатниот Стефано Габана на светот му ја покажа прекрасната новогодишна елка што тој и неговиот партнер Доменико Долче ја создадоа за хотелот.

На прикажувањето на новогодишната елка се појавија голем број на ѕвезди и обожаватели на модното дуо како фантастичната Ева Херцигова, Попи Делевињ, Лаура Бејли, Пикси Лот, Џоан Колинс и многу други.

Новогодишната елка е направена од многу мали сицилијански кукли и е декорирана со 450 рачно изработени стаклени лампиони.

Стефано Габана на самиот настан изјави дека тој сака традиционални новогодишни дрвца со декорации што тој ги собира додека патува низ светот.

„Ние дома сакаме да имаме класичен Божиќ. Минатата година мојата мајка купи едно дрвце од локалниот супермаркет што всушност и не беше вистинско дрвце – мислам дека беше кинеско. Тоа непрестајно ги менуваше своите бои, а мојата мајка само не прашуваше – Нели дрвцето е прекрасно? Јас морав да и кажам дека дрвцето едноставно не е убаво“, се потсетува Габана, посочувајќи го волшебното дрвце во Claridge хотелот.

Тој додаде дека за празниците многу повеќе сака да добива рачно напишани картички, отколку подароци.

“Обожавам писма. Рачно напишани, што денеска се вистинска реткост, а уште па кога се од некој што ти значи, тогаш тоа е најсовршениот подарок на светот“, вели Стефано Габана.

Објавено:
28 ноември 2013
Категорија: 
Актуел