Секси Кара Делевињ во новата кампања на Ла Перла
•
30 ноември 2013
Мега популарната манекенка Кара Делевињ е една од оние девојки кои можат да продадат баш се.
Мажите ја обожуваат нејзината долга руса коса и неверојатните нозе, а жените нејзината пристапност и добрата смисла за хумор.
Токму поради тоа, младата манекенка во последно време е дел од буквално секоја кампања на голем дел од модните брендови.
Овојпат на ред дојде и кампања за долна облека на модниот бренд Ла Перла. Во кампањата, таа позира во секси корсети, градници од тантела, памучни гаќички и што уште не.
Секси навитканата коса и нежната шминка, дополнително ја прават манекенката да изгледа неодоливо. Со оваа кампања, таа уште еднаш покажа дека е вистински камелеон кога станува збор за фотосесии.