Кара и Маргот на насловна на новиот „Love“ магазин

19 јули 2016

Двете познати дами, Маргот Роби и Кара Делевињ ја красат најновата насловна на „Love“ магазин. Идејата за токму тие две да бидат носечките лица, доаѓа од најновото остварување „Suicide Squad“ во кое ги толкуваат главните улоги.

Темата е стилот од 1980-тите, а инаку меѓу содржината е и интервјуто со Роби, кое ѝ го прави токму Делевињ.

Главната уредничка на магазинот, Кети Гранд вели дека инспирацијата за сетот ја нашла во „The Belle Stars“, познат женски бенд токму од 1980-тите, а препознатлив по неверојатните додатоци за коса.

-Овој број е ода на моите млади, тинејџерски години – вели Гранд.

Да биде уште поинтересно, за шминката на актерките се погрижила Миранда Џојс, саксофонист во „The Belle Stars“.

Објавено:
19 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
121 пати