Конечно дојде и денот кога ќе се случи премиерата на долгоочекуваниот филм за ова лето Suicide Squad и во нашите кина.
Веќе неколку недели во тек е европската турнеја на одличната актерска екипа на филмот, меѓу кои и прекрасната Маргот Роби и манекенката која стана актерка, Кара Делевињ.
Тие блескаа на речиси секоја прес конференција и премиера на филмот, со што за многу кратко време беа прогласени за стилски икони за ова лето.
Веќе знаеме дека талентираната Кара има посебен и уникатен стил кој многумина го обожуваат, но вистинско освежување летово беше нејзината колешка, шармантната Маргот Роби која навистина изненади со сите комбинации.
Промовирајќи го филмот, тие промовираа и бројни парчиња од последните колекции на светските модни куќи меѓу кои Александар Меквин, Ели Сааб, Александре Вотје и бројни други.
Токму вчеравечер се случи и официјалната премиера на филмот во Лондон, каде вистина убавица во секси издание беше Кара Делевињ која се чини ги „украде“ сите погледи.
Таа се појави во црно кусо транспарентно фустанче во комбинација со неверојатно стилска кожена јакна на Александар Меквин и високи чизми на Лубутан.
Убавица во бело беше и нејзината колешка која ги засени останатите на розовиот килим со нејзината неприкосновена убавина.
Иако деновиве филмот беше мета на многубројни критики, се очекува истиот да биде еден од најголемите хитови летово и оној со најголема заработувачка.
Покрај двете убавици, дел од актерската екипа е и Вил Смит, Џаред Лето, Бен Афлек, Виола Дејвис и уште многу други познати ликови.