Што да облечете овој петок?

6 декември 2013

Бидејќи пред нас е викенд, Fashioenl ви предлага две комбинации, дневна и вечерна. Решете ја далимата што да облечете со помош на овие  фотографии од две елегантни и женствени стајлинзи. За дневен изглед од гардероберот извадете го плетениот тесен фустан со должина до колена во светло зелена нијанса и надополнете со капут во кафена-карамел нијанса. Од аксесоари одлучете се за впечатлив масивен ѓердан, чанта и чизми исто така во кафено-карамел боја. Во однос на вечерната комбинација, ви предлагаме елегантни комбинезон црни панталони, пастелна чанта по можност клач или плико и  чевли со висока потпетица во истата боја. Имајте убав викенд и блескајте со позитивна енергија!

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Тренд