Аксесоари во металик нијанси - апсолутен тренд што ни претстои

7 декември 2013

Проенза Скулер

 

Веќе неколку сезони наназад наметливо се провлекуваат металик нијансите, како во однос на шминката и облеката, така особено се изразени кај парчињата накит.

 

Делфина Делетрез

 

За наредната сезона пролет-лето 2014 година во фокусот ќе биде впечатливиот тренд на модерниот метал. Се работи за алки, прстени, ѓердани, чанти, па дури и чевли кои своите елегантни и класични форми ќе ги надградат со метални комбинации најмногу изработени од материјали како титаниум, платина и бронза. Има и такви кои ќе бидат изработени од по скапоцени материјали како злато и сребро, но по ништо нема да се разликуваат од оние првите.  Инспирацијата потекнува од времето на Античка Грција и Рим кога дизајнот на накитот бил масивен, едноставен и впечатлив. Еве како светски познатите модни куќи го замислија модерниот метален накит за наредната жешка сезона.

 

 

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци