Ќерката на Фенди дизајнираше нова колекција накит

7 октомври 2013

11

Дизајнерката на накит Делфина Делетрез, ќерка на дизајнерката Силвија Вентурини Фенди, во Париз ја претстави новата колекција на накит и тоа на мошне иновативен начин. Накитот ги красеше порцеланските раце и уши, сместени на бели порцелански чинии кои се вртат во круг.

Делфина со Марио Тестино Делфина со Марио Тестино

Во колекцијата, посебен акцент е ставен на часовниците, лишени од нивната основна функција - покажување време и куќиште си механизам е заменет со округли кварцани кристали во различни бои.

Со овие часовници никогаш не доцните - прокоментира дизајнерката.

Освен часовниците, вниманието го привлекуваат и фантастичните прстени со ситни дијаманти и други скапоцени камења, но и необични бисерни обетки.

Погледнете за што се работи.

d1

d2

d3

d6

d13

d12

d11

d10

d9

d14

d16

 

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци