Минатата недела во Њујорк, италијанскиот моден бренд Фенди го прослави 25-тиот роденден на својата чанта позната под називот Baguette со модна ревија каде беше претставена колекција на која модната куќа соработуваше со куќата Тифани, дизајнерот Марк Џејкобс, како и со најголемата вљубеничка во чантата, актерката Сара Џесика Паркер.
Ревијата ја отвори Лила Мос, а чантата ја носеа блескави имиња како Бела Хадид, Прешис Ли и голем број други познати модели.
Сепак се чини дека ѕвездата на вечерта беше супермоделот Линда Евангелиста која се појави со предимензионирано палто во препознатливата сина нијанса на Тифани, во друштво на креаторката на чантите Baguette, Силвија Вентурини Фенди; сегашната креативна директорка Ким Џонс; дизајнерката на накит на Фенди, Делфина Делетрез и гостинскиот дизајнер Марк Џејкобс.
Истиот ден, на 9 септември, Њујорк беше домакин и на други модни ревии, како оние на Проенза Шулер, Колина Страда, Наем Кан и Бронкс и Банко.
Колина Страда приреди инклузивна ревија во Паркот за заштита на пеперутките Монарх во Бруклин, додека пак Проенза Шулер со ревија прослави 20 години активност на модната сцена.
Во оваа прилика, Лазаро Хернандез и Џек МекКолоу создадоа колекција заснована на кубанското наследство на Хернандез, а ревијата беше презентирана од асортиман на ѕвезди во кој, меѓу другите, беа вклучени Кендал Џенер, Бела Хадид, Маријакарла Босконо, Шалом Харлоу и Виторија Серети.
Во прилог можете да ги погледнете ревиите кои се достапни на YouTube.