Модните ревии за време на модната недела есен/зима 2022-2023 година ги најавија и трендовите на фризури кои ќе преовладуваат во претстојната сезона.
Примерите се јасен показател дека оваа година ќе ја славиме разноликоста и преку стилизирање на косата, а во прилог посветуваме внимание на 5-те највечатливи трендови кои ги забележавме.
1. Пикси фризура
Момчешки кратката коса инспирирана од фотографијата на Линда Евангелиста во 90-тите ја одбележа модната недела во Њујорк, а на ревијата на Chloé можевме да забележиме голем број на модели со „пикси фризурај". Овој стил елегантно танцува помеѓу машките и женските родови стереотипи, а фактот што му овозможува комплетна слобода и видливост на лицето, го прави уникатно атрактивен.
2. Двобојна коса
Овој Y2K изглед не заврши со поставување на трендот! Откако ги освоија социјалните мрежи, обоените прамени преминаа на модните писти, па така на модната ревија на Конор Ајвс, 2000-тите добија весела преродба, понуди исечена верзија: русокоси прамени на црно. Сем Мекнајт, од своја страна, играше со градиенти во боја за модната ревија 16Arlington, додека пак ревиите на Колина Страда и Дизел понудија повеќе авангардни опции, со обоени правоаголни ленти кои ја прекрстуваат целата коса или риги обоени во црвена, розова, тиркизна, портокалова боја...
3. Блесок од шеесеттите
Инспирирана од 60-тите години, фризурата која ќе ја гледаме често оваа сезона се карактеризира со густи долги шишки префрлени настрана. Резултатот е ретробуржоаски дух забележан особено на париските модни писти, како оние на Miu Miu, Chanel, Louis Vuitton, па дури и Rokh.
4. Многу краток боб
Овој стил се карактеризира со мазен и рамен изглед и должина која оди само неколку сантиметри под увото, оставајќи ги раменеците откриени. Овој хибриден изглед, кој се прелева преку женствените и мажествените карактеристики, го забележув аме кај моделите на Hermès, Gabriela Hearst, Dolce & Gabbana.
5. Мокра коса
Влажниот изглед е еден од останатите впечатливи трендови за оваа сезона, и доаѓа во повеќе верзии. Гвидо Палау откри опција која потсетува на изгледот на косата кој го добиваме веднаш „по пливање", додека пак Фенди претставува мокра, но исчешлана коса. Спортска опција во Прада вклучува мокра коса залижана и врзана во пунџа.