„Furiosa“ е инспириран од животната филозофија и енергичниот специфичен дух кој го носи Фенди. Дизајнот на луксузниот изглед на шишето го креираше дизајнерката за накит Делфина Делетрез Фенди, ќерка на Силвија Фенди, инспириран од егзотичната текстура кожите од оклопите на желка, зелен бумбар и пеперутка.
„Си поигрував со контрасти и со релјеф“, вели дизајнерката.
Францускиот парфумер Франсоа Демаши создаде нова есенција која во горните слоеви целосно ќе ве маѓепса со мирисот на розов бибер и каламбриски бергамот. Срцевината на парфемот е обвиткана со апсолутна хармонија на египетски јасмин, цветови од матиола и гарденија, а долниот дел на мирисот е заокружен со ноти на сомалиски темјан и килибар за целосно уживање на вашите сетила.
Заштитно лице на новиот фасцинантен парфем стана италијанската актерка со полско потекло Касија Смутниак, а рекламната кампања ја изработи Рут Хогбен во ренесансниот амбиент на вилата Фарнезе во близината на Рим.
Парфемот „Furiosa“, ќе биде лансиран во септември во Милано за време на модната недела и ќе биде достапен во амбалажа од 30, 50 и 100 милилитри, по цена од 60, 84 и 116 евра. Како надополнување ќе биде презентирана и линија за нега на кожа која ќе вклучува деодоранс спреј, гел за туширање и лосион за тело.