Три моќни есенции чии ноти ќе ви ја обојат есента

19 септември 2014

Припадничките на понежниот пол освен по облека, чевли и чанти „откачуваат“ и по префинети мирисни ноти. Мирисот е најубавото нешто кое една жена може да го стави на себе, па водејќи се од оваа констатација, дамите секогаш сакаат да мирисаат сензуално и убаво. Затоа во продолжение ви ги претставуваме трите најдобри парфеми кои  вашето есенско секојдневие ќе го зачинат со свежина, грациозност и посебност.

Герлен Герлен

Нешто што сигурно ќе го привлече вниманието на голем број дами ширум светот покрај модните недели кои трасираат нови модни тенденции со сигурност ќе биде новиот парфем на Герлен, насловен „Mademoiselle Guerlain“ , на кој како заштитно лице се појавува рускиот супер модел Наталија Водјанова. Парфемот е сместен во шише чиј дизајн комплетно наликува на пчела. Оваа едиција е дел од колекцијата насловена „Les Parisiennes“ во која се вбројуваат дел од најдобрите парфеми кои ги има лансирано куќата Герлен.

Валентино Валентино

Вториот избор е парфемот „Валентина“, потпишан од Валентино, кој неодамна доби нова верзија чија срцевина повторно е обвиткана со нежните есенции на розите. Името на новото романтично издание е „Valentina Rosa Assoluto“ и е сместено во слична амбалажа  како и претходниот парфем,  само во потемна виолетова нијанса крунисана со цвет од расцветана ружа. Интензивниот мирис од единствените ноти на ориентална роза е инспириран од мистичниот Исток и возбудливиот свет на зачини, бои и ароми. Одговорните велат дека парфемот претставува ода  со која на Блискиот Исток му се оддава посебна чест поради драгоцените состојки кои се главниот двигател во изработката на овој нов парфем.

Џо Мелоун Џо Мелоун

На шампионското трето место се наоѓа новата есенција на Malone. Во мирисната линија на Jo Malone(Џо Мелоун) се приклучи уште еден нов парфем чија есенција потсетува на морските бранови кои ноншалантно се тркалаат во првите денови од есента. Во неговата есенција шармантно се вклопуваат ретки и необични композиции од морските длабочини кои на парфемот му даваат чистота и свежина и чувство на релаксација и смиреност.

 

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Убавина