Дами, колку пати ви се случило да ве фасцинираат мирисни ноти од некој парфем, а тоа да биде машки. Да, сигурно ќе се согласите дека машките есенции се создадени од појак концентрат, подолго траат и едноставно опиваат со својот мирис. Најверојатно сте се нашле во ситуација да немате парфем и да искористите неколку капки од оној на партнерот, а тоа да биде вистинска арома која ве опила на прв поглед.
Денеска решивме да направиме селекција на неколку машки парфеми кои со задоволство ги користат жените. Прв на листата е Guerlain Vetiver во чиј состав доминираат зелените, дрвенасти и егзотични тонови кои ја скокоткаат вашата заводливост. Друг машки парфем кој го обожаваат припадничките на понежниот пол е Chanel No19. Женската верзија на овој мирис е Chanel No.5 , но дамите беа одлучни, машката варијанта е посуптилна, потрајна и потпишана од еден од најпознатите дизајнери во светот.
Следниот мирис е наменет за сите мажи кои се вистински ентузијасти и кои храбро патуваат низ животот, ама со оглед на фактот дека денес мажите се исто толку рамноправни колку и жените, тогаш дами вистинскиот избор за вас е Terre d'Hermès. Срцевината на парфемот содржи специјални зачини на есенции кои се многу ретки, па така каде и да се појавите ќе плените со свежина и оригиналност.
На иста бранова мирисна должина е и парфемот Prada Amber кој содржи мирисни ноти за подигање на адреналинот и возбудата. Нешто што сигурно на сите ќе им одговара е да бидат секси, посакувани и недостижни. Станува збор за прекрасни есенции зачинети со цитрусови ноти кои ќе ве пленат на прв поглед.
Секако дека на листата се најде и стариот добар Old Spice кој во текот на годините се модернизираше како од дизајнерски, така и од содржински аспект. Ако сте вљубенички во ретките цветови со остар мирис, тогаш со сигурност ќе ја сакате оваа варијанта на парфем. Од друга страна пак, класика си е класика, а уште подобро ако содржи нова формула која ќе ве вивне во облаци.