Камбек на пепито дезенот
•
9 декември 2013
Во 1959 година Кристијан Диор почнува да ја употребува оваа ткаенина која ќе стане непресушен извор за инспирација. Овој тренд е посебно популарен во 1990 година благодарение на високата мода и модните куќи Шанел, Луј Витон, Емпорио Армани и Москино. Интересно е што овој тренд се враќа на голема врата на секои 20/30 години и иако најчесто се изработува од црна и бела нијанса, сепак лесно се комбинира со црвена, нежно розова или пак жолта нијанса
Оваа сезона доколку сакате да изгледате отмено и гламурозно, задолжително набавете си некое парче или моден додаток во пепито дезен. Дури нема да погрешите доколку го изберете пепитото како total look.