Најважните моменти во светот на модата за 2013

11 декември 2013

Од враќањето на панкот, воздигнувањето на Мајли Сајрус, па се до лудилото по Кара Делевињ, светот ги одбра најважните модни моменти за 2013 година.

На крајот на годината, потсетете се на некои од најзначајните настани и уживајте пред почетокот на новите.

1. Оваа година секој можеше да седи во првите редови, откако Барбери дозволи пренесување во живо на ревијата.

2. Изабел Марант создаде одлична колекција за модниот гигант H & M по која полудеа девојките ширум светот.

3. Поранешните светски супермодели направија неверојатен камбек на модната сцена. Кристи Тарлингтон прекрасна за Келвин Клајн.

4. Рик Овенс приреди поинакво шоу за паметење на модната недела во Париз.

5. Технологијата конечно стана нослива, гугл очилата беа хит на ревијата на Диана фон Фурстенберг за пролет 2013 година.

6. Облеката и модните додатоци со натписи беа вистински хит оваа година. Преовладуваа маичките на Селин и оние со натписот Homies.

7. Комбинациите со гол стомак повторно се вратија во мода.

8. Трудничкиот стил на Ким Кардашиан предизвика низа негативни коментари во светот на модата.

9. Мадона повторно го запали модниот свет со лудата панк комбинација на овогодинешната Мет Гала.

10. Оваа година беше целосно во знакот на plus size моделите, а на врвот се искачи прекрасната Робин Лоувли.

11. Влијанието на панкот беше видливо на голем дел од ревиите оваа година, особено на онаа на Версаче.

12. Удобните, но не многу убави, гумени сандали беа вистински хит изминатата година, па дури стигнаа и на страниците на Вог во едиторијалот со Миранда Кер.

13. Австралискиот супер бренд Зимерман дебитираше на њујоршката модна недела и остави навистина добар впечаток.

14. Американската блогерка Леандра Медин остро одговори на нападот на Сузи Менкес на модните блогери. Таа објави и книга оваа година.

15. Стрит стајл ѕвездите како Мирослава Дума продолжија да доминираат и по дозата на револт кон нив од страна на Сузи Менкес.

16. Модната индустрија, а можеби и светот, се заљубија во моделот на годината – Кара Делевињ.

17. Кусата коса оваа година направи вистински камбек. Голем дел од холивудските диви ја скратија косата и направија вистински бум низ фризерниците. Џенифер Лоренс беше кралицата на пикси фризурата.

18. Мајли Сајрус стана најозборувана личност во светот. Со своите луди комбинации и лошо однесување беше вистински хит што ја одбележа 2013 година.

majli-01

Кој е настанот од светот на модата што вам Ви остави најголем впечаток изминатата 2013 година?

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Актуел