Најдобрите архитектонски изданија за годината што изминува

12 декември 2013

 

Жирито на манифестацијата World Architecture  која секоја година се одржува во Сингапур ја објави листата на архитектонски изданија кои се здобија со епитетот најдобри меѓу најдобрите. Проектите секоја година се селектираат во  три категории: најдобро реализирани градежни објекти, најдобро уредена околина и идни проекти кои треба да се реализираат во чии под категории влегуваат: најдобра станбена зграда, најдобра деловна зграда и најдобар хотел. Еве кои се победниците за 2013 година:

 

 

Најдобра станбена зграда

Станбените проекти кои се наоѓаат на 28-та улица во Њујорк, оваа година се покажаа како најинтересни. Проектот за изградба го осмисли  американското студио Конинг Ајзенберг. Жирито се одлучи токму нив да им ја додели наградата поради храбрата идеја и спојот на креативен станбен објект со животната функционалност на просторот, ако го земеме в предвид фактот дека зградата се наоѓа во старо и конзервативно преградие.

 

 

 

Најдобра деловна зграда

Оваа година во категоријата за Најдобар деловен објект победи, зградата на нафтената компанија Статоил во Осло. Се работи за групација на бетонски блокови, наредени еден врз друг, на невообичаен начин, со цел да се направи отстапка од класичните и строги градби на вакви објекти.

 

 

 

Најдобар изложбен проект

Данскиот аквариум кој што е лоциран во предградие на Копенхаген е прогласен за најдобар образовно-изложбен проектза изминатава година. Во него живеат 20 илјади живи суштества и 450 животински видови.

 

 

 

Најдобар хотел

Апсолутен победник во оваа категорија е хотелот Citizen M Bankside во Лондон. Оваа градба понуди највпечатливо решение за тоа како треба да изгледа светски ланец на хотели.

 

 

 

Најдобро уредена околина

Туристичкиот парк The Australian Garden победи во оваа категорија. Паркот е уникатно место каде се застапени различни природни околини, почнувајќи од пустински пејсажи, па се до езера. Во склад со нив е оформен и посебен дел кој е насаден со билки, цветови и растенија, а бројат повеќе од 170 илјади видови.

 

 

 

Најдобар научно-образовен објект

Наградата во оваа категорија отиде во рацете на британскиот Универзитет Forum Project, чиј покрив е во брановидна форма, внатре има најсовремено опремени библиотеки, кафетерија и простории за состаноци.

 

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Актуел