Барбери со своја продавница на Ковент Гарден

16 декември 2013

 

Ако заштитна модна улица во изборот на облека и гардероба од луксузните модни брендови и куќи е Бонд Стрит, кога станува збор за козметички производи на убавина, тогаш тоа е плоштадот Ковент Гарден. Во текот на изминатата години некои од најпознатите модни брендови како Шанел и Диор се одлучија да отворат свои бутици за козметички производи. Од неодамна за ваков чекор се одлучи и модната куќа Барбери.

 

 

Во вистински Барбери дух и стил клиентите во бутикот ќе можат да ја тестираат на себе луксузната Барбери шминка и парфеми. Ентериерот ќе биде опремен со најнова технологија која на секој посетител ќе му овозможи едно поинакво дигитално искуство. Сите производи за убавина ќе бидат достапни почнувајќи од креми за лице, тоници, шминки, па се до парфеми и лакови за нокти, сите под закриила на оваа луксузна модна куќа. Сите услуги од шминка до консултации за користење на производите ќе бидат комплетно достапни без никакви исклучоци.

 

 

Во пресрет на новогодишните празници, Барбери има подготвено специјални ќеси и украсни кутии во кои ќе ви биде спакувано се она што сте решиле да го купите од ексклузивната продавница. Исто така во рамките на работата, секој месец Барбери ќе бира најдобра шминка но и најдобар изглед, со што посетителите имаат причина плус постојано да навраќаат во нивното гламурозно катче.

 

 

 

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Убавина