Шопинг центарот лоциран во срцето на англиската престолнина „Ковент Гарден“ е еден од најпопуларните, добро познат на шопохолиците од целиот свет. Како дел од големото семејство на овој елитен шопинг центар му се придружува и модниот бренд Барбери, чија цел беше да креира своја „Кутија на убавината“ или „Beauty box“.
Станува збор за проект на оваа модна куќа, чија идеја е новата продавница да ги задоволи сите приоритети во поглед на убавина и изглед кај жените. Од шминка до широк спектар на парфеми и модни додатоци, се на едно место. Идејата за овој нов потег на познатиот бренд е инспирирана од се поистанчениот вкус и високите стандарди кои жените го наметнаа во последните години.
Барбери им ја исполнува буквално секоја желба и на оние најприбирливите, преку советите на експертите и стилистите кои ќе бидат достапни во продавницата и преку вметнување на најсовремена висока технологија за нега и убавина. Во самото катче ќе биде проектирана и дигитална фото рамка како и екрани кои ќе презентираат фотографии од колекциите на познатата етикета, па така жените покрај шминката, фризурата, омилениот парфем, новиот дезен на нокти и аксесоари имаат можност сами со помош на стилисти да го креираат своето ново модно секојдневие. Вистинско мало богатство на едно место. Во продолжение погледнете го видеото и фотографиите кои ќе ве воодушеват со својот ентериер и топлина, a се препознатлив белег за овој бренд.