Што да облечете денес?

18 декември 2013

Оваа среда ви предлагаме дневна, романтична и женствена комбинација од три бои, бежова, винска црвена и карамел кафена, надополнете со суптилни аксесоари во нежна пастелна нијанса. Од гардероберот извадете го фустанчето со нагласена половина, а врз него облечете бежов пуловер со иста должина како и фустанот. Врз нив облечете го кафениот капут и рамните чизми во иста нијанса. Имајте убав ден!

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Тренд