Што да облечете денес?

22 јануари 2014

Денешната комбинација ви ја предлагаме водени според  непредвидливото врнежливо време. Првин, подгответе го чадорот, за да не го заборавите, а потоа почнете да ги избирате парчињата од плакарот. Селекцијата нека биде на црни цигара фармерки, широка транспарентна кошула во пастелна нијанса, а врз неа би било одлично да облечете ваква слична пелерина доколку ја поседувате. Аксесоарите нека бидат суптилни во златна нијанса, додека пак чантата, во винска боја што ќе го освежи целосниот стајлниг, чизмите нека бидат гумени со змиски принт. Блескате со позитивна енергија и имајте убав ден!

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Тренд