Што да облечете денес?

4 февруари 2014

Овој вторник ви предлагаме тренди комфорна комбинација која е компактна за преку целиот ден. Облечете го маслинастото молив здолниште со висок струк, кафена спортска маичка која ќе ја ставите внатре во појасот на здолништето, а врз неа облечете макси пуловер во бежова нијанса. Аксесоарите како чизмите и тенкиот ремен нека бидат во кафена боја, додека плик чантата, од оние со змиски принт.  Од накит можете да се одлучите за некој масивен ѓердан во златна нијанса, кој дополнително ќе го освежи целиот изглед. Уживајте во денот!

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Тренд